Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
ЗАШТИТА НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ТОПЛОТНИ БРАНОВИ  КАКО ДА СЕ ОДНЕСУВАМЕ ПРИ ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ

2024-06-12

ЗАШТИТА НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ТОПЛОТНИ БРАНОВИ КАКО ДА СЕ ОДНЕСУВАМЕ ПРИ ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ

Црвениот крст на РСМ веќе неколку години активно се вклучува со превентивни и теренски активности за заштита на населението од топлотни бранови кој ја зафаќаат нашата земја во летниот период.

Согласно податоците добиени од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи на 11.06.2024 (вторник) и 12.06.2024 година (среда), територијата на градовите Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза, додека Скопскиот и Вардарскиот Регион, ќе бидат зафатени  со жолта (алертна) фаза и за истите ќе важат општите препораки од Министерството за здравство.

За таа цел Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на Град Скопје ќе преземат различни теренски активности за заштита на здравјето на населението од топлотни бранови, како што се: делење на флаширана вода, патролирање на мобилни тимови за укажување на прва помош, делење на флаери и совети заштита од топлотни бранови и мерење на крвен притисок на фрекветни места со посебен акцент за заштита на ранливото население (стари лица, деца, бездомници, бремени жени, лица со хронични заболување и други).

ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО ОД ТОПЛОТНИ БРАНОВИ

Чувајте се од топлината.

Избегнувајте излегување и вршење напорна активност за време на најтоплиот период од денот. Останете во сенка, не оставајте деца или животни во паркирани возила, и доколку е потребно и можно, поминете 2-3 часа на ден на ладно место.

 

Освежувајте се често:

  • Бидете добро хидрирани. Пијте 6-8 чаши вода дневно.
  • Често туширајте се, за да се oлади телото.

 

Заштитете се од топлина:

  • Ограничете ја физичката активност, особено во периодот од денот кога е најтопло.
  • Носете светла облека и лесна облека, наочари за УВ заштита и капа.
  • Користете креми со заштитен УВ фактор.
  • Избегнувајте непотребно излегување надвор во период од 10 до 17 часот.
  • Одбегнувајте алкохол и акохолни пијалоци, како и пијалоци што содржат кофеин како и екстремно ладни пијалоци.
  • Избегнувајте премногу масна и високо калорична храна, како и храна која содржи шеќери.

 

 

ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА

За време на топлотни бранови, здравјето на бебињата и децата може да се влоши брзо.

 

Хидрирајте ги Вашите деца:

  • Дајте им чаша вода на секои 20 минути.
  • Почесто доете го Вашето бебе.
  • Освежувајте ги Вашите деца често:
  • Во базен или во бања или туш најмалку двапати дневно.
  • Освежете ја кожата со влажна крпа неколку пати на ден.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025